ЕХФ подготвува казни за главните актери

Вујовиќ и судиите ќе бидат исфрлени од Европското првенство?

Шоуто на мечот помеѓу Словенија и Германија во режија на литванските судии денеска треба да биде завршено, се очекува ЕХФ да изрече казни, а Словенците да ја донесат конечната одлука дали остануваат или предвреме заминуваат од турнирот. 

Вистинска драма се случуваше по крајот на мечот помеѓу Словенија и Германија. Словенците се радуваа на победа, но по прегледувањето на видео снимката судиите одлучија да досудат пенал за Германија и да му дадат црвен картон на Благотиншек.
 
Прекршокот на правилата беше јасен, но истото се случи и на 11 секунди пред крајот кога Словенија требаше да го добие истото што судиите им го дадоа на Германците. 
 
Бесот кај Словенија е оправдан, се шпекулира дека литванските судии ќе бидат исфрлени од Европското првенство, а на клупата веќе нема да биде и Вујовиќ кој најпрво имаше шоу на теренот кога влезе да го брани пеналот, а потоа распука со навреди кон судиите и првите луѓе на ЕХФ.
 
Словенците размислуваат и за заминување од Европското првенство, но тоа скапо би ги чинело, би требало да добијат висока парична казна, но можеби и неколкугодишна суспензија од натпреварувањата кои ги организира ЕХФ.
 
Најочекуваниот епилог е Словенија да остане на Европското првенство, а Вујовиќ и литванските судии да бидат суспендирани.
 

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе