Лига на шампиони

Вујовиќ: Би ни значело „комитите“ да дојдат во голем број, без навивачи не сме Вардар

Вардар во среда со почеток од 20:45 часот го пречекува Мешков Брест во нов натпревар од Лигата на шампионите, тренерот Веселин Вујовиќ сака голема поддршка од навивачите. 

По ремито со Елверум, Вардар го игра првиот домашен меч од новата сезона во Лигата на шампионите, противник е тимот на Мешков Брест.
 
„Едно е сигурно, а тоа е смртта, а сѐ друго е релативна работа. Не сакам да се жалам, но во последните седум дена одигравме четири меча, и ако ги сметаме Мешков Брест и Еурофарм Пелистер, тоа ќе бидат шест за 14 дена. Вардар во овој момент нема капацитет за толкав број на натпревари. Но ајде да не биде сѐ црно. Како што знам и Мешков има проблеми со повредени играчи. Кудуз не верувам дека ќе може да ни помогне ниту со Мешков Брест. Ние во последните седум дена не направивме два нормални тренинзи. Ние немаме уште еден среден бек, а за да пробам некој од другите ракометари нема време. Треба да се надминеме себе за да го победиме Мешков. Тие имаат сигурен клуб, буџет, можат да носат сериозни играчи, иако сите знаеме дека сѐ се врти околу Скубе. Ние без навивачи во сала не сме Вардар. Колку од ‘Комити’ ќе дојдат не знам, но секако би ни значело да бидат во голем број", вели Вујовиќ.
 
„Силата на Вардар треба да биде во стравично голема борба. Мора да дадеме 200 проценти и не смееме да примаме лесни голови. Мешков мора да искрвари за секој постигнат гол. Ние сѐ уште не сме екипа која постигнува лесни голови, уште не сме на тоа ниво“.
 
Капитенот, Стојанче Стоилов знае дека ќе биде тешко, но се надева дека заедно со публиката ќе слават победа.
 
„Тренерот кажа сѐ. Играме против Мешков, во првото коло одигравме чуден меч што можевме да го добиеме и да го загубиме, а реми можеби беше најреално. Нѐ чекаат три меча во серија, но важен е Мешков Брест, дома пред публика после долго време. Имаме двајца нови играчи, а немаме доволно време. Се случувало и порано, но тоа е тоа. Се надевам дека ќе одиграме најдобро што можеме и ќе победиме заедно со публиката“, вели Стоилов.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе