Со новото раководство на Вардар се отвара вратата за враќање на Вујо

Вујо си замина од Загреб, можно ли е романтично враќање во Вардар?

Веселин Вујовиќ поради приватни причини го напушти ППД Загреб, сега е слободен тренер а кога се знае дека Самсоненко веќе не е сопственик на Вардар, неговото име природно се поврзува со црвено-црните. 

Легендарниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ е слободен, веќе нема ангажман откако денеска го напушти ППД Загреб.
 
Тој објасни зошто заминува од Загреб, причините се приватни и мора извесен период да биде во Србија.
 
„За жал од лични причини го напуштам Загреб. Мора да се вратам во Србија, не можам да бидам на две места во исто време. Откако ќе ги решам проблемите, доколку клубот сака со задоволство би се вратил во Загреб“, изјави Вујовиќ по одлуката да го напушти хрватскиот клуб.
 
Која ќе биде неговата следна дестинација не се знае, веројатно во моментов ниту тој нема одговор на прашањето. Но откако неговиот пријател Михајло Михајловски се врати на чело на клубот, се отвара пат и за враќање на Веселин Вујовиќ.
 
Вујо има посебен однос со навивачите на Вардар, меѓу двете страни има хемија каква што ретко постои во ракометниот свет.
 
Легендарниот стратег повеќе пати има доаѓано во Скопје да ги гледа црвено-црните во изминатите години, неговата љубов кон клубот и кон градот е голема, па нема да биде изненадување ако неговиот следен ангажман биде токму Вардар. 
 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе