РК Вардар

Вујо се враќа во Вардар и носи засилување!

Српскиот „Мондо“ тврди дека легендарниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ од следната сезона повторно ќе работи во црвено-црниот табор. 

Откако ќе ја заврши сезоната во Борац, Веселин Вујовиќ ќе се пресели во Вардар, тврди српскиот медиум.
 
Тој му соопштил на раководството на босанскиот клуб дека нема да ја продолжи соработката бидејќи има договор со Вардар.
 
Неодамна во интервју за „24 ракомет“, првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски меѓуредови го најави доаѓањетот на Вујо.
 
Вујовиќ од БиХ нема да дојде сам, тој ќе го донесе и 19-годишниот лев бек Милош Кос кој е висок 190 сантметри и е ракометар на Извиѓач. Оваа сезона постигна 120 голови во 25 кола од босанската Премиерлига.
 
Враќањето на Вујо е добра вест за фановите на Вардар за кои тој е вистинска легенда на клубот.
 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе