По одличниот старт на сезоната во Лигата на шампионите, Вардар нанижа три порази по ред.
Веселин Вујовиќ верува дека лошата серија може да биде прекината во Сегедин и покрај силината на противникот.
„Продолжува Лигата на шампионите по ЕХФ паузата. Сите се собравме, сите се здрави, што е многу важно. Играме против Пик Сегед, познат противник и еден од најдобрите тимови во Европа. Некако ко да играме некој бараж, бидејќи сега одиме во Сегедин, а после седум дена тие доаѓаат во Скопје. Ќе биде интересно да видиме како ќе се одвиваат двата натпревара“, вели Веселин Вујовиќ.
„Вардар е подготвен, јас веќе реков дека мора да ја прекинеме оваа серија порази од Монпелје, Алборг и од Кил. Најголемата шанса ни е во Сегедин. Мора да одиграме храбро, Вардар по традиција игра добро во Сегедин, па се надевам дека и овој пат ќе биде така“.