Од клубот за хрватските медиуми потврдиле дека Веселин Вујовиќ повеќе не е тренер на Загреб, а во текот на денот оваа информација ќе биде официјално соопштена на прес конференција.
Загреб имаше очаен старт на сезоната во Лигата на шампионите со четири порази во првите четири натпревари и тоа е причината за заминувањето на Веселин Вујовиќ.
Популарниот Вујо две и пол сезони беше на кормилото на Загреб и имаше исклучително успешни резултати со тимот составен претежно од млади ракометари.
Тој беше омилен и меѓу навивачите на Загреб, но лошата форма оваа сезона го стори своето и разделбата беше неминовна.
Отказот на Веселин Вујовиќ доаѓа пред натпреварот против Вардар од Лигата на шампионите, црногорскиот стратег не го дочека мечот против својот поранешен клуб.