РК Вардар

Вујин: Работите стануваат подобри за нас, можеме до добар резултат во Брест

Ракометарот на Вардар, Марко Вујин верува дека можат да одиграат добар натпревар на гостувањето кај Мешков Брест и со победа да ја почнат новата сезона од Лигата на шампионите. 

Вујин вели дека Вардар игра се подобро и подобро, тимот полека се воигрува и се надева дека следуваат подобри партии. 
 
Вистинскиот тест за тоа е во среда кога Вардар на гостински терен кај Мешков Брест ја отвора новата сезона во Лигата на шампионите.
 
„Почнува ЛШ, мислам дека одработивме квалитетни подготовки. Вардар е составен од целосно нова екипа, така што имавме и некои потешкотии во тие пријателски натпревари, во нашата воиграност, која не беше баш најјасна, но работите одат на подобро од ден во ден. Се надевам на една добра партија во Брест“, вели Вујин.
 
„Ги гледавме сега на Ф4-турнирот во Задар,тоа е една сериозна екипа, која има искуство во ЛШ. Сигурно ќе биде тешко, ова е ЛШ, тука нема лесни противници. Мислам дека ако одиграме квалитетен натпревар, а тоа значи и одбрана и напад и полуконтра и мал број технички грешки, може да се надеваме на позитивен резултат“.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе