Пријателски натпревар

Втор меч, втора победа над Чиле

Македонската ракометна репрезентација очекувано дојде и до втората победа во пријателскиот двомеч против селекцијата на Чиле, овој пат славевме со 28-24. 

Македонија ја запиша и втората победа над Чиле, и овој пат не играше Кире Лазаров, не настапи ниту Стојанче Стоилов, но бевме засилени за Никола Маркоски. Оние кои настапија покажаа дека сме поквалитетни од противникот.
 
Чиле почна добро и држеше чекор до кај 15. минута со нерешено или минимална негатива. Покажа разновидност во нападот и брза транзиција, па нашата зона 5-1 во одбраната не се справуваше лесно. Меѓутоа, по 15. минута, Македонија направи серија од 3-0, потоа уште повеќе ја стабилизира играта и поведе со највисоки 15-9.
 
Вториот дел почна со 16-12 за нашата репрезентација и повторно реприза: Чиле почна добро, дури се доближи на 19-18 во 38. минута. Одбраната уште од средина на првото полувреме ја променивме во 6-0, Никола Митревски кој беше одличен во првиот дел не беше најадектватно заменет од Даниловски и Томовски, но и покрај тоа Македонија го одржуваше водството.
 
Во последните 20-тина минути Брестовац ги седна на клупа поискусните Талески, Кузмановски, Пешевски, шанса им даде на помладите, темпото на игра малку падна, па и двете селекции повеќе грешеа, но тоа не се одрази на резултатот. 
 
Филип Кузмановски и Мартин Поповски со по четири гола беа најефикасни, Жарко Пешевски и Филип Талески постигнаа по три. Голманите си поделија по 20 минути, но најголем придонес имаше Митревски со седум одбрани. 
 
Во текот на утрешниот ден треба да се знае дали Македонија ќе оди на Светското првенство на местото од Чешка, шансите се минимални, но се уште постојат.
 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе