Поради лошите политички односи меѓу Украина и Русија

Во Украина политиката е пред спортот, Мотор доби забрана да игра во СЕХА лигата

Политиката замеша прсти, Украина поради нарушените односи со Русија не му дава на Мотор Запорожје да игра во СЕХА лигата.

Проблем е генералниот спонзор на СЕХА лигата, „Газпром“, оваа компанија е на црната листа на Украина поради тоа што доаѓа од Русија.
 
Украинската ракометна федерација му забрани на Мотор да игра во СЕХА лигата поради тоа што „Газпром“ не смее да се рекламира на територија на Украина.
 
Ракометната федерација на Украина не го подржува овој проект. Ние јасно му ги соопштивме нашите позиции на Мотор. Било какво рекламирање на „Газпром“ не смее да се случи во Украина, нашите закони се јасни, оваа компанија е на црната листа во Украина. Ние како федерација ги почитуваме законите на државата, Мотор не добил дозвола од нас за да игра во СЕХА лигата и не смее да игра“, стои во дел од соопштението на ракометната федерација на Украина.
 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе