Во Свети Николе Видеолотарија го отвори првото мултуфункционално игралиште за децата

Под слоганот Играј со шампионите, Видеолотарија касинос Австрија почна со  реализација на амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски  и спортски игралишта низ целата земја. Со донација од 3.284.019 денари, во Свети Николе ставено е во функција првото мултифункционално детско игралиште, кое го носи името на бренд амбасадорот на Видеолотарија - Кирил Лазаров.

Видеолотарија касинос Австрија во периодот кој следи, сака да придонесе децата да добијат вистински можности за правилен раст и развој.

„Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Јасно ни е дека децата мора да имаат простор каде може да уживаат во безгрижно детство, па затоа и одлучивме да го подготвиме овој амбициозен проект низ кој ќе обезбедиме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта на неколку локации во земјата“, велат од компанијата.

Во Свети Николе веќе функционира модерно игралиште, на кое ќе може да се игра ракомет, кошарка, фудбал. Новиот и модерен изглед на ова игралиште ќе придонесе за градење на спортски навики кај сите деца.

Спортските игралишта ќе бидат изградени по светски стандарди за играње мал фудбал, ракомет и кошарка. Игралиштата се дел од компаниската стратегија за повеќегодишно вложување во спортот, а со цел постигнување на врвни спортски достигнувања и мотивирање на младите активно да се посветат на спортот.

Со реализација на оваа стратегија, Видеолотарија касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Во

„Израснав во училиштето до ова игралиште, тука научив да играм ракомет, па сум особено горд што денес заедно со Видеолотарија касинос Австрија го ставаме во функција ова игралиште, овозможувајќи многу деца во иднина да го следат мојот пат“, изјави Кире Лазаров.

Во Битола веќе се работи на следно игралиште. До крајот на годинава, планирано е да се завршат уште неколку игралишта кои се во фаза на градба.

Комерцијален текст

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе