Суперкуп на Македонија

Во драматична завршница, Еурофарм Пелистер го совлада Вардар за трофејот во Суперкупот на Македонија

Еурофарм Пелистер се радува на нов трофеј во Суперкупот на Македонија откако во меч со драматична завршница го совлада Вардар со 23-22

Еурофарм Пелистер втора година по ред слави против Вардар во Суперкупот на Македонија, вечерва во Битола, „зелено-белите“ во драматична завршница триумфираа со 23-22. 

Во првото полувреме, двата тима се менуваа во водство, во финишот, Вардар со серија од 3-0 поведе со 12-11, но Пешевски реализираше за 12-12 и егал по првите 30 минути. 

Пелистер го отвори вториот дел со три гола и предност од 15-12, но Вардар веднаш го подигна нивото и одговори со серија од 5-0. 

„Црвено-црните“ ја одржуваа преноста до последните пет минути, кога не успеаја да реализираат неколку напади па со голот на Суси, „зелено-белите“ погодија за предност од 23-22 на нешто повеќе од 30 секунди до крајот. 

Талески ја превзеде одговорноста во последниот напад но Кизиќ му одбрани, па Пелистер тргна да слави нов трофеј во Суперкупот на Македонија. 

Талески со 10 гола беше најефикасен на мечот, но најголемата поддршка ја имаше во Дејан Манасков со четири. Кај Пелистер, Усама Хосни погоди четири пати, Мохамед Суси и Жарко Пешевски по четири, додека голманите собраа 13 интервенции.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе