Лига на шампиони

Во драматичен меч Вардар пропушти шанса да го победи Кјелце, реми во „Јане Сандански“

Вардар и Кјелце одиграа нерешено 28:28 во дерби натпреварот од Лигата на шампионите, македонскиот тим пропушти шанса да дојде до уште една победа во жешкиот „Јане Сандански“. 

Вардар одлично го почна мечот, Кокшаров изненади со тактиката седум на шест која се покажа како добитно решение на почетокот. Криштопанс иако беше во составот, остана на клупата, Иван Чупиќ играше како десен бек.
 
Европскиот шампион доминираше на стартот, дојде и до водство од пет гола разлика, 10:5, следуваше тајмаут за Кјелце и серија од 4:0 за нив по која се вратија во мечот. Полскиот тим направи и пресврт, поведе со 15:14, но Вардар го врати водството и на полувремето замина со предност од 17:16.
 
Второто полувреме Вардар го почна со серија од 3-0, поведе со 20:16, македонскиот тим имаше четири гола предност но брзо ја загуби. Следуваше црн период од 10 минути во кои не дадоа ниту еден гол а примија шест, Кјелце поведе со 25:22.
 
Гедбан се разбрани во продолжението и го врати Вардар во игра, во финишот нашиот тим повторно поведе, беше 28:27, но Кјелце успеа среќно да изедначи. Вардарци имаа и напад за победа, но Скубе не реализираше, натпреварот заврши нерешено 28:28.
 
Скубе со седум голови беше најефикасен во составот на Вардар, Чупиќ постигна шест погоцои, Стоилов реализираше четири пати. Гедбан беше одличен со 12 одбрани, Кугис фати две топки. За Кјелце Игор Карачиќ даде три гола, Алекс Душебаев пет, најефикасен кај нив беше Блаж Јанц со седум.
 
По седум одиграни натпревари Вардар има четири победи, едно реми и два порази, македонскиот тим се уште е на второто место од кое може да падне утре доколку Монпелје слави на гостувањето кај Мотор.
 
Во следното коло Вардар му гостува на Кјелце, мечот се игра на 16. ноември.
 
Фото: РК Вардар
 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе