Три победи од три меча за македонските ракометарки

Во драматичен меч Македонија ја победи Грција

Женската ракометна репрезентација на Македонија потешок од очекувањата ја совлада селекцијата на Грција, натпреварот заврши со 20-19. 

Македонија со три победи од три натпревари ги заврши квалификациите за бараж натпревар за пласман на Светското првенство. Денеска падна и Грција иако нашите девојки се помачија за да дојдат до овој триумф.
 
Судејќи според резултатите во првите две кола, натпреварот со Грција требаше да ни биде најлесен, но веројатно откако ја остваривме целта со победите во првите два меча, ракометарките денеска влегоа со поинаков приод, но на крајот сепак дојдовме до триумфот.
 
Грција беше подобра во првото полувреме кое го доби со 13-10, по одморот Македонките одиграа многу подобра одбрана, не им дозволија на противничките да постигнуваат лесни голови и на крајот славевме со 20-19.
 
Голманката Мицевска беше херој во оваа победа откако куспеа да го одбрани последниот удар на Грција, имаше вкупно 11 интервенции. Сара Ристовска беше фантастична овој пат со десет постигнати голови.
 
Македонија на убедлив начин го освои првото место во групата, а утре на ждрепката во Виена ќе го дознае противникот во баражот за пласман на СП во Шпанија кое ќе се одржи во декември.
 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе