Лига на шампиони

Во драматичен меч Еурофарм Работник го победи Савехоф

Еурофарм Работник за малку повторно ќе направеше од готово вересија, водеше со шест разлика на полувремето, а на крајот едвај победи за втор триумф во Лигата на шампионите. 

Еурофарм Работник ја забележа втората победа во Лигата на шампионите откако го совлада Савехоф со 32:31.
 
Битолскиот тим имаше осцилации во текот на мечот, а тоа доведе до драматична завршница во која овој пат тие ја имаа среќата.
 
На полувремето Еурофарм Работник имаше водство и од шест поени разлика 18:12, но Савехов во вториот дел постепено ја анулира негативата и дојде до израмнување на 31:31. Сепак последниот гол на мечот заврши во мрежата на гостите за победа на македонскиот тим од 32:31.
 
Мирко Радовиќ, Ловро Јотиќ и Владислав Остроушко постигнаа по шест голови. Во составот на Савехоф најрасположен беше Благојевиќ со девет погодоци.
 
Еурофарм Работник со две победи се наоѓа на претпоследното место во Групата Ц.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе