Уште еден ракометар го напушта Вардар

Веспрем може да направи цел тим од вардарци, ги ангажира Шишкарев и Македа!

Данил Шишкарев и Хорхе Македа од следната сезона ќе играат за Веспрем, унгарскиот клуб го потврди нивниот ангажман. 

Веспрем преку својот официјален сајт потврди дека од следната сезона нивни играчи ќе бидат Шишкарев и Македа.
 
Вардар ќе остане без уште еден важен играч во составот, десното крило си заминува од Скопје по седум сезони поминати во црвено-црниот дрес.
 
Веспрем го ангажира Македа од нивниот најголем ривал во Унгарија, ПИК Сегед.
 
Веспрем не престанува да ангажира ракометари кои играле или играат во Вардар.
 
Им фали уште само еден ракометар за да направат целосна прва постава од играчи кои играле за македонскиот тим. Покрај Шишкарев и Македа, таму веќе се Арпад Штербик, Вуко Борозан, Дејан Манасков и Рожерио Мораес. Тренер е Давид Дејвис, а кондиционен тренер е Марија Лојаница.
 
Веспрем очајно посакува титула во Лигата на шампионите, Вардар знае како се освојува Европа, па можеби затоа ангажираат ракометари кои играле за Европскиот шампион.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе