Лига на шампиони

Веспрем ја победи Барселона, одличен меч за Дејан Манасков

Веспрем со 29:26 ја победи Барселона која останува лидер во групата А, Дејан Манасков беше еден од најефикасните за унгарскиот тим.

Веспрем ја совлада Барселона која и покрај поразот останува во одлична позиција да го сочува врвот, сега Вардар има три негатива во однос на Каталонците но на три кола до крајот тие два пати играат на домашен терен.
 
На денешниот меч Барселона имаше предност до половина од првото полувреме, а потоа Веспрем направи серија од 4-0, поведе со 13:10 и го сврте текот на мечот. Барса успеа на два пати да изедначи, но не и повторно да дојде до водство. Унгарскиот тим заслужено се радуваше пред своите навивачи.
 
Дејан Манасков постигна четири гола и тој беше еден од најефикасните во тимот, исто толку погодоци дадоа и Мае, Тонесен и Ненадиќ.
 
Веспрем во следното коло му гостува на Вардар, тоа ќе биде уште еден директен дуел за втората позиција на табелата.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе