Легендарниот тренер денеска официјално беше промовиран во нов тренер

Веселин Вујовиќ е нов тренер на Вардар!

Легендарниот Вујо се врати во Вардар, тој денеска е промовиран во нов тренер на македонскиот шампион. 

Херојот на навивачите на Вардар, Веселин Вујовиќ се врати таму каде што припаѓа, денеска тој беше промовиран во нов тренер на тимот.
 
„Ова е моја трета етапа во Вардар, се надевам дека ќе успешна барем, како тие тогаш. Од моето заминување се случија прекрасни работи, а јас останав во одличен однос. Вардар стана европски шампион, што е незамисливо за овие простори. Јас знам дека сега Вардар ги нема тие играчи и таа екипа, но за мене е голем предизвик, да се обидам повторно да направиме добри резултати во Европа. Михајло ги кажа целите, тие се малку повисоки од објективните, но и јас сум човек што сака да ги надмине целите, така што заедно ќе се обидеме. Вардар беше во лоша состојба, беше пред згаснување, но Михајло се јави и го спаси клубот и се надевам дека навивачите што поскоро ќе уживаат во нашите настапи. Јас се враќам во Македонија со задоволство, ја чувствувам како моја втора татковина и ќе ми биде голема чест да го водам Вардар третпат", изјави Вујовиќ.
 
Претседателот на клубот Михајло Михајловски откри дека имал контакти и со други тренери, но зборот паднал на Вујо.
 
„Имав контакти и понуди за други тренери, што мене морам да признаам ми годеше, но јас на крај решив да му ја доверам екипата на Вујовиќ, во кого потполно верувам. Тој го покажа својот квалитет во овие години, освои бронза со Словенија на Светско", изјави Михајловски.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе