ВРХЛ

Вардарки заминаа за Подгорица да си ги земат медалите од регионалната лига

Ракометарките на Вардар во вторник и среда ќе ги одиграат последните натпревари од ВРХЛ лигата која ја освоија уште на минатиот турнир.

Во вторник и среда во Подгорица ќе се одигра последниот турнир во женската ракометна регионална лига по кој вардарки ќе го добијат медалите за освоеното прво место.
 
Со седум победи и само едно реми во досегашниот тек од ВРХЛ, Вардар го освои првото место без разлика на исходот од последните два меча.
 
Во вторник Вардар ќе игра со домаќинот Будуќност, а ден подоцна против Крим.
 
Овие два натпревари ќе бидат добра подготовка за фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите кој на 12 и 13 мај се игра во Будимпешта.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе