ВРХЛ

Вардарки со победа против Будуќност ја почнаа регионалната лига

Ракометарките на Вардар славеа со 24:22 на гостувањето кај Будуќност во првиот натпревар од новата сезона во регионалната женска ракометна лига.

Вардарки кои го бранат трофејот во регионалната лига, имаа убав влез и во новата сезона совладувајќи го Будуќност на негов терен во Подгорица каде се одржува првиот турнир.
 
Будуќност беше подобар во првото полувреме кое го доби со 13:12, но Вардар со подобра игра во вториот дел направи пресврт и дојде до победа од 24:22.
 
Најефикасна беше Радичевиќ со седум голови, Пенезиќ постигна шест, кај Будуќност Јауковиќ реализираше осум.
 
„Се виде заморот кај играчите во дват атима, како последица на работата на физичка подготвеност, бидејќи ова беше ударна недела и сега полека се намалува тоа темпо. И во двата тима недостасуваа некои ракометарки. Имаше и добри и лоши работи. Будуќност многу има напредувано во однос на играта на турнирот во Скопје. Ние успеавме да се вратиме и покрај минусот што го имавме. Видовме на кои работи треба да внимаваме во иднина, изјави Јованка Радичевиќ за официјалниот сајт на Вардар.
 
Фото: ЖРК Вардар

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе