Лига на шампиони

Вардарки отпатуваа за Германија

Ракометарките на Вардар, денеска отпатуваа за Германија каде во недела го играат натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите против тимот на Турингер.

По успешниот старт на новата сезона во Лигата на шампионите со победата над Ференцварош, Вардар е пред нов предизвик, следува дуелот од второто коло против Турингер.
 
Македонскиот шампион во комплетен состав отпатува во Германија, во Скопје остана само третиот голман, Јована Мицевска.
 
И Вардар и Турингер стартуваа со победи во Лигата на шампионите. Германските славеа на гостувањето кај Ларвик со 31:27.
 
Вардар е подобар во меѓусебните дуели, досега овие две екипи се сретнале шест пати, македонскиот тим победил на четири, еден меч завришил нерешено и на еден се израдувале ракометарките на Турингер.
 
Турингер има подновен состав оваа сезона со седум нови засилувања, но Вардар ќе биде фаворит во овој натпревар.
 
Натпреварот помеѓу Турингер и Вардар се игра во недела со почеток од 14 часот.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе