Засекогаш херои

Вардарци се простија од навивачите во Келн, некои го одиграа последниот меч (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар ги поздравија навивачите кои допатуваа во Келн да ги бодрат шампионите кои овој пат не им донесоа нова радост, но остануваат нивни херои.

 

Вардар и овој пат во Келн одигра два драматични натпревари кои завршија со еден разлика, но овој пат двата беа во полза на противникот. Македонскиот тим не успеја да го одбрани трофејот, видливо е разочарувањето кај ракометарите и кај навивачите, но таков е спортот, некогаш победуваш, некогаш губиш.

Раул Гонзалез за последен пат го водеше Вардар во еден голем меч, а од следната сезона други клупски бои ќе бранат и Циндриќ, Штербик, Македа, Марсениќ, Кањељас.

По крајот на мечот со ПСЖ, навивачите на Вардар ги поздравија своите херои кои секогаш ќе бидат запаметени како генерацијата која го качи македонскиот тим на највисоката точка во европскиот ракомет.

Ристе Ѓорѓиевски,
специјално од Келн за МКД
Фото: Роберт Атанасовски

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе