Дополнително ќе добијат парична награда и од АМС

Вардарци на прием во Владата кај премиерот Заев, добија ветување за награда од половина милион евра (ФОТО+ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар попладнево беа на прием во Владата, премиерот Зоран Заев им честиташе за освоената титула во Лигата на шампионите и им вети парична награда од 500.000 евра.

Трофејот од Лигата на шампионите попладнево се најде во Владата, ракометарите на Вардар беа на прием кај премиерот Зоран Заев.

Покрај честитките за големиот успех, тие добија ветување за награда од 500.000 евра. „Црвено-црните“ ќе добијат и 100.000 евра од Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Премиерот Зоран Заев исто така порача дека ќе се обиде да најде мерки за финансиска стабилност на клубот со која ќе се задржи сегашното ниво, како и развој и успешна иднина.

„Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. Честитки Вардаре!“ – гласеше дел од пораката на премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе