СЕХА лига

Вардар заигра добра одбрана во второто полувреме и со пресврт го победи Татран Прешов

Вардар конечно покажа добра игра во одбраната и тоа беше клучно да се врати од четири негатива во второто полувреме и да го победи Татран Прешов со 28:26. 

Вардар покажа две лице на мечот против Татран Прешов, првото беше вообичаеното кое го гледавме и во Лигата на шампионите со лоша одбрана и многу примени голови, а второто беше спротивно.
 
Во првиот дел Вардар имаше негатива и од четири гола, со која влезе и во второто полувреме. Татран Прешов играше тактички добро, со долги напади до пасивен, македонскиот тим беше лош во одбраната, прими дури 17 голови и го загуби првиот дел со 17:13.
 
Во вториот дел видовме една сосема поинаква слика, Вардар ја промени одбраната од 6-0 во 5-1, а се разбрани и Гедбан кој бранеше само во вториот дел и запиша осум одбрани. Шампионот заигра шампионски, брзо ја анулираше негативата, дојде во предност и го одржа водството за победа од 28:26.
 
По пет гола дадоа Атман, Чупиќ и Шишкарев, по три дадоа Стоилов, Пелко и Дибиров. Во составот на Татран Лапање реализираше шест пати.
 
Со оваа победа Вардар го завери првото место во групата на коло пред крајот. Во последното коло македонскиот тим му гостува на Нексе.
 

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе