СЕХА лига

Вардар загуби од Војводина и го избегна Веспрем

Вардар во Нови Сад отпатува без 11 ракометари и загуби од Војводина убедливо со 33-24, тоа значи дека во четвртфиналето ќе го избегнат Веспрем и ќе играат со Еурофарм Пелистер. 

Поради ЕХФ неделата, Алушовски не можеше да смета на ракометари кои играат во репрезентациите, но пораз му одговараше на Вардар бидејќи така му се отвара полесен пат до фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата.
 
Вардар почна добро, но беше израмнето во првите 15 минути кога Вардар имаше водство со 9-8, потоа Војводина почна да се одлепува и на полувремето заминаа со водство од 16-10.
 
Во второто полувреме водството породлжи да расте, Стевче Алушовски се обиде со празна мрежа, со „7 на 6“ во нападот, но максимум што успеа беше да дојде до 24-19 во 47. минута. Беше и плус 11 за Војводина пред крајот, па српскиот шампион запиша убедлива победа, само втора во 14 соочувања со Вардар во СЕХА-лигата.
 
Дибиров беше најдобар во Вардар со девет голови, Калараш постигна седум од седум, кај Војводина најефикасен беше Томиќ со седум головии.
 
Со овој пораз Вардар остана на девет бод, колку што има и Нексе, но поради подобриот меѓусебен однос, тимот од Нашице го зазема второто место што значи го прескокнува осминафиналето и оди директно во четвртфиналето, на Веспрем. Вардар, практично одбра да игра дополнителен натпревар, против Металопластика во осминафиналето, но потоа со победа ќе оди на Еурофарм Пелистер, во борба за Ф4.
 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе