Промовиран новиот дрес за завршницата од Лигата на шампионите

Вардар во Келн ќе брка титула со специјално дизајниран дрес (ФОТО)

Шампионот на Македонија, Вардар денеска се пофали дека за Ф4 во Келн и завршницата од Лигата на шампионите ќе настапи со нов дрес кој е специјално дизајниран за оваа пригода.

„Црвено-црните“ трипати по ред настапуваат на фајнлфор турнирот, и оваа година во Келн ќе се појават со специјално дизајниран дрес.

Ракометарите соработувале со „Хумел“ за избработката на дресот, кој ќе биде во ограничена серија и наскоро ќе почне да се продава на сите заинтересирани навивачи.

Промоцијата на новиот дрес, која беше под мотото „Нов дрес, иста цел – победа во Келн“ се одржа денеска во фаншопот на Вардар во спортскиот центар „Јане Сандански“ а како модели беа Марко Поповски и Кристијан Дисингер.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе