Одреден домаќинот на завршниот турнир

Вардар во Брест ќе ја брани титулата во СЕХА лигата

Завршниот турнир од СЕХА лигата ќе се игра во Брест, Белорусија од 2 до 4 април. Овој град по втор пат ќе биде домаќин на фајнл-форот на регионалното натпреварување.

СЕХА лигата потврди дека овогодинешното издание на фајнл-фор турнирот ќе се одржи во Брест, Белорусија.
 
Покрај Вардар и домаќинот Мешков Брест, на завршниот турнир се пласираа и хрватските екипи ППД Загреб и Нексе.
 
„Наше големо задоволство е уште еднаш да го организираме завршниот турнир заедно со Мешков Брест и сигурен сум дека фајнл-фор турнирот ќе биде уште едно незаборавно искуство за Мешков Брест, градот Брест, фановите и белорускиот ракомет генерално. Мешков Брест е постојан учесник на фајнл-фор турнирот и заслужува да го донесеме таму најдоброто од регионот. Среќни сме што осмиот фајнл-фор ќе биде во Брест и ќе биде дел од милениумската фиеста на градот Брест“, изјави директорот на СЕХА лигата, Синиша Остоиќ.
 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе