Лига на шампиони

Вардар утре ќе го дознае противникот за полуфиналето на завршниот турнир во Келн

Утре (вторник) во Виена ќе се изврши ждрепката за полуфиналните натпревари од фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите кој традиционално се одржува во Келн.

Вардар трета година по ред е меѓу четирите најдобри екипи во Европа, покрај македонскиот шампион на завршниот турнир оваа година ќе играат и Барселона, Веспрем и Кјелце.
 
Ждрепката за полуфиналните натпревари е закажана за утре (вторник) со почеток од 11 часот, ќе се одржи во седиштето на ЕХФ во Виена.
 
За прв пат на еден фајнл-фор турнир од Лигата на шампионите нема да има ни германски ни француски екипи. 
 
Прв пат сите тренери се од Шпанија, Парондо, Душебаев, Дејвис и Пасквал.
 
Сите екипи доаѓаат од А групата, што значи дека веќе ги одмерија силите оваа сезона, а воедно ја покажува и тежината на групата.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе