Струшки ракометен турнир

Вардар тргна со очекуваната победа во Струга, но Охрид скапо ја плати кожата

Вардар со 27:22 го победи Охрид во својот прв натпревар на традиционалниот ракометен турнир во Струга, тимот на Алушовски потешко од очекувањата дојде до триумфот. 

Вардар тргна со победа, но за да дојде до неа ракометарите добро го испотија дресот, Охрид покажа мускули, особено во првото полувреме.
 
Мечот во првиот дел беше изедначен, Вардар најчесто водеше, но не успеваше да се одлепи, на полувремето црвено-црните заминаа само со водство од еден гол разлика 13:12.
 
Во вториот дел Вардар тргна многу поодлучно и за кратко време ја зголеми предноста која успеа да ја одржи до крај за конечни 27:22.
 
Дибиров постигна седум голови, Георгиевски и Талески реализираа по три, кај Охрид по четири голови дадоа Блажески, Манасков и Тот.
 
Претходно Металург со 33:24 го победи Прилеп, а Бутел со 21:17 славеше над Еурофарм Пелистер 2.
 
Утре играат Струга - Металург, Еурофарм Пелистер - Прилеп и Вардар - Еурофарм Пелистер 2.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе