Поразот од осум разлика во Скопје создаде невозможна мисија на Вардар да ја анулира таа негатива кај Веспрем и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, но македонскиот тим барем достојно се прости од Европа.
Натпреварот имаше две различни полувремиња, првото му припадна на Веспрем, второто на Вардар.
Вардар го даде првиот гол на мечот, а потоа следуваше серија од 3-0 на Веспрем, постепено тие го зголемуваа водството, имаа предност и од шест гола разлика. Првото полувреме заврши со 18-13 за унгарскиот тим.
На почетокот од вториот дел Веспрем ја одржуваше позитивата, но во финишот следуваше период на Вардар во кој нашиот тим успеа да ја анулира предноста на домаќините и на крајот да дојде до реми од 31:31.
Најефикасен кај Вардар беше Моралес со шест голови, во составот на Веспрем, Јахја постигна седум погодоци.
Сега Вардар комплетно се насочува кон домашните обврски, а таму ќе има голем предизвик, треба да го победи Еурофарм Пелистер во Битола за да ја одбрани шампионската титула.