СЕХА лига

Вардар со пораз се враќа од Запорожје, Мотор го урна шампионот

Вардар загуби на првото гостување во СЕХА лигата оваа сезона, црвено-црните беа поразени со 32:31 од Мотор Запорожје, Чупиќ промаши пенал за реми по истекот на мечот.

Вардар уште во второто коло од СЕХА лигата го забележа првиот пораз, загуби на својот прв посериозен тест, Мотор се радува на триумф над бранителот на трофејот.
 
Мотор постојано имаше водство, Вардар бркаше во текот на целиот натпревар, неколку пати беше нерешено, но никогаш не поведе македонскиот тим, а имаше голема шанса тоа да го направи во самиот финиш.
 
При резултат 31:31 Дибиров промаши празен го, а домаќините преку Пуковски во следниот напад дојдоа до водство од 32:31. Вардар доби пенал, времето истече, Чупиќ имаше шанса да го спаси шампионот од пораз, го совлада голманот но топката од подот отиде преку гол.
 
Лош момент е повредата на Дисингер кој предвреме го напушти натпреварот. Германецот го повреди скочниот зглоб, повеќе детали за тежината на повредата се очекуваат во текот на денот.
 
Шест гола за Вардар постигна Дибиров, по пет реализираа Криштопанс и Атман, четири даде Чупиќ. Кугис имаше 13 интервенции. Најефикасен кај Мотор беше Пуковски со шест голови.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе