Лига на шампиони

Вардар со пораз од Монпелје ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите

Вардар одигра во рамките на своите можности во моментов но тоа не беше доволно за да се загрози победата на Монпелје кој триумфираше со 31:27. 

Ракометарите на Вардар одиграа одличен меч, но слабиот ростер на квалитетни играчи го стори своето, тоа беше клучот за очекуваната победа на Монпелје.
 
Вардар тргна одлично и на почетокот поведе со 5-1, но како одминуваше натпреварот Монпелје се враќаше и на полувремето отиде со гол предност 14:13.
 
Во второто полувреме Монпелје дојде до предност и од највисоки пет разлика 28:23, но со серија од 4-0 Вардар дојде на само еден негатива 27:28. Сепак во финишот Вардарци направија три грешки во додавањата и примија три гола за конечна победа на Монпелје од 31:27.
 
Стојанче Стоилов со седум голови беше најдобар поединец кај Вардар, одлична партија имаше и Горбок со шест гола, Чупиќ даде пет, Дибиров четири.
 
Вардар настапот во групната фаза го заврши на шестото место со 11 бодови и во осминафиналето најверојатно ќе игра против ПИК Сегед.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе