СЕХА Лига

Вардар со победа го заврши регуларниот дел од СЕХА лига, утре ќе го дознае противникот на Ф4

Шампионот на Македонија, Вардар вечерва без многу проблеми славеше на гостувањето во Љубушки, „црвено-црните" триумфираа над Извиѓач со 28-31.

Вардар со победа го заврши регуларниот дел од СЕХА лига, вечерва „црвено-црните“ беа подобри од Извиѓач и стигнаа до 14-от триумф со кој привремено се искачија на првото место на табелата.

Шампионот на Македонија пристигна во Љубушки како апсолутен фаворит, и по почетното испитување на силите почна да диктира темпо за во 24 минута да стигне до +6 (7-13), предност која ја зачува до крајот на првиот дел и на пауза замина со 10-16.

Избраниците на Парондо го отворија и второто полувреме со серија од 1-3, па високата позитива предизвика малку да се опуштат а домаќините знаеа како да го искористат тоа и полека почнаа да ја топат предноста.

На пет минути пред крајот Извиѓач стигна на -2 (26-28), но Вардар не дозволи изненадување и на крајот славеше со 28-31. Прв стрелец во тимот беше Поповски со 9 погодоци, додека одличен на голот беше Калифа со 16 одбрани.

Вардар сега ќе преноќи на врвот со 42 бода, но конечниот расплет на табелата, и тоа кој со кого ќе вкрсти на Ф4, ќе биде познат утре, по пресметките Нексе – Мешков и Загреб – Татран. Фајнл фор турнирот се игра во Брест (на 2-3 април).

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе