СЕХА лига

Вардар со „крпен“ тим рутински против Војводина за нов триумф во СЕХА лигата

Вардар се радува на нова победа, „црвено-црните" вечерва ја совладаа Војводина во СЕХА лигата со 26-23.

24 часа по триумфот над Мешков Брест во Лигата на шампионите, Вардар забележа нов триумф. Вечерва шампионот на Македонија со „крпен“ тим славеше над Војводина во регионалното натпреварување.

„Црвено-црните“ одиграа доволно за да не дозволат изненадување, проблем е тоа што Криштопанс заработи повреда. Првите 15 минути беа рамноправни, потоа Вардар го подигна нивото, направи серија од 6-1 и се одлепи на позитива од четири гола, но следеше пад во играта, па Војводина се избори за 11-11 на полувреме.

На стартот од вториот дел, гостите се одлепија на +2, но Вардар веднаш одговори со серија од 4-0 и потоа се играше гол за гол. Неизвесно беше до 47. минута кога избраниците на Кокшаров постигнаа три гола во низа без да примат ниту еден, и потоа рутински во финишот го чуваа водството за триумф од 26-23.

Со оваа петта победа, Вардар се врати на чело на табелата во групата А со 15 бода, колку што има и Мотор Запорожје.

Скубе со седум погодока беше прв стрелец во редовите на Вардар, Димитровски имаше одлична партија со шест погодока, Чупиќ мечот го заврши со пет.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе