Лига на шампиони

Вардар со играчите кои го победија Монпелје ќе брка триумф и против Порто

Вардар денеска со почеток од 17 часот го игра првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона, противник е Порто.

Вардарци победнички ја стартуваа новата сезона во Лигата на шампионите откако триумфираа кај Монпелје во првото коло. Денеска црвено-црните го играат првиот домашен натпревар, противник е составот на Порто.
 
Вардар е голем фаворит во мечот, но Порто знае да биде незгоден противник, тие вообичаено играат со тактика „седум на шест“ а таа во неколку наврати се покажала незгодна за актуелниот европски шампион.
 
Писонеро ги одбра ракометарите за денешниот меч, составот е тој истиот кој играше и во Франција.
 
Целта е јасна, Вардар денеска оди на втората победа во Лигата на шампионите оваа сезона.
 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе