СЕХА лига

Вардар со 44 голови ја наполни мрежата на Мотор во СЕХА лигата

Вардар и Мотор одиграа исклучително ефикасен натпревар, беа постигнати 81 гол, а на крајот македонскиот тим се радуваше на победа од 44:37. 

Одбраните на Вардар и Мотор денеска беа во втор план, мечот од СЕХА лигата беше неверојатно ефикасен, а шампионот даде дури 44 голови.
 
Мотор во Скопје дојде ослабен без голем број на клучни ракометари, но и во тимот на Вардар недостигаа повеќе првотимци. 
 
Во првото полувреме Мотор во неколку наврати имаше и водство, но Вардар не дозволи на одморот да замине со негатива, 20:19 за нашиот тим беше по првите 30 минути игра.
 
Во вториот дел на голот застана Кизиќ кој и овој пат се покажа во многу подобро светло од Кугис и Гедбан кои во првото полувреме не фатија речиси ништо. Црвено-црната машина во офанзивата беше уште подобра, даде 24 голови и на крајот славеше со 44:37.
 
Најдобар беше Дибиров со 11 голови, девет реализираше Чупиќ, седум Шишкарев. Во составот на Мотор, Вујвиќ даде 12 голови, тој беше и најефикасен на натпреварот.
 
Ова беше увертира на Вардар за натпреварот против Кјелце во Лигата на шампионите кој се игра во сабота од 18 часот во Полска.
 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе