СЕХА Лига

Вардар сигурно чекори кон четврт-финале, убедлива победа од 39-31 над Металопластика

Шампионот на Македонија, Вардар со убедливи 39-31 го доби првиот меч против Металопластика во осминфиналето од СЕХА Лига, „црвено-црните" сигурно чекорат кон дуел со ППД Загреб.

Вардар го доби првиот дуел со Металопластика во осминафиналето од СЕХА Лига.

Српскиот тим подобро го започна мечот и во неколку наврати водеше со четири разлика, но на средината од првото полувреме, „црвено-црните“ се разбудија, направија пресврт и до крајот на првиот дел поведоа со 19-14.

Металопластика се обиде да се врати во игра во второто полувреме, но Вардар одигра добро и во нападот и во одбраната и на крајот славеше со убедливи 39-31.

Јотиќ со 10 погодоци беше најдобар поединец во Вардар, додека Дибиров постигна 7 погодоци.

Реваншот меѓу Металопластика и Вардар се игра во утре 16 часот.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе