СЕХА лига

Вардар рутински го победи Динамо Панчево, но прими 32 гола

Во натпревар „без одбрани“ Вардар со убедливи 42:32 го победи Динамо Панчево и ја забележа седмата победа во СЕХА лигата.

Во седмиот натпревар од СЕХА лигата Вардар ја забележа и седмата победа, овој пат против најслабиот тим во регионалното натпреварување, Динамо Панчево.
 
Раул Гонзалез им даде одмор на дел од играчите, а оние кои беа на теренот играа како на ревијален натпревар, брзо, атрактивно, без многу внимание во одбраната.
 
Таквата игра го донесе најефикасниот натпревар во СЕХА лигата оваа сезона, беа постигнати дури 74 погодоци. Вардар прими 32 гола, најмногу оваа сезона од било кој тим.
 
Натпреварот беше изедначен до 18. минута кога резултатот беше 9-9. Вардар полека почна да се одлепува, на полувремето замина со предност од 20:17.
 
Во второто полувреме противникот иако мотивиран ја губеше силата, а Вардар го зголемуваше водството за конечна победа од 42:32.
 
Најефикасен во тимот на Вардар беше Марсениќ со седум голови, по шест постигнаа Кањељас и Чупиќ, по четири Недановски, Поповски и Криштопанс.
 
Ова беше само загревање на Вардар за тоа што го очекува во сабота во Лигата на шампионите, големото дерби против Рајн Некар.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе