Лига на шампиони

Вардар пушти и билети за стоење за натпреварот со Кил, германскиот тим го чека жешка атмосфера

Поради големиот интерес за натпреварот меѓу Вардар и Кил, клубот одлучи да пушти и билети за стоење.

Салата „Јане Сандански“ за мечот со Кил ќе биде исполнета и повеќе од капацитетот за седење кој го има. Билетите за столчињата се продадоа, па Вардар одлучи да пушти и влезници за стоење.
 
Билетите ќе чинат по 150 денари, ќе можат да се купуваат од денеска онлајн преку продажната мрежа на „мктикетс“ и на билетарата на „Јане Сандански“.
 
Натпреварот меѓу Вардар и Кил се игра во сабота на 12 октомври од 17:30 часот.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе