Салата „Јане Сандански“ за мечот со Кил ќе биде исполнета и повеќе од капацитетот за седење кој го има. Билетите за столчињата се продадоа, па Вардар одлучи да пушти и влезници за стоење.
Билетите ќе чинат по 150 денари, ќе можат да се купуваат од денеска онлајн преку продажната мрежа на „мктикетс“ и на билетарата на „Јане Сандански“.
Натпреварот меѓу Вардар и Кил се игра во сабота на 12 октомври од 17:30 часот.