Куп на Македонија

Вардар против Металург во финалето од Купот на Македонија

Вардар го победи Еурофарм Работник со 35:30 и се пласираше во финалето од Купот на Македонија каде ќе игра против Металург кој беше подобар од Бутел со 34:31.

Вардар и Металург во недела ќе се борат за трофејот од Купот на Македонија во Куманово откако денеска ги добија своите полуфинални дуели.
 
Вардар го совлада Еурофарм Работник со 35:30. Битолчани беа рамноправен противник во првото полувреме кога губеа најмногу со два гола разлика, на одморот се замина со 18-16 за црвено-црните.
 
Во вториот дел Вардар го контролираше резултатот и полека се одлепуваше, највисокото водство беше 32:26. Во составот на Вардар по седум гола постигнаа Дибиров, Скубе и Мораес, а најефикасен на натпреварот беше Остроушко со 10 гола.
 
Бутел му пружи силен отпор на Металург. Тимот од Автокоманда кога и да се одлепеше, противникот успеваше да се врати во игра. На полувремето резултатот беше 17:15 за Металург. Слично беше и во вториот дел, на крајот победија со три гола разлика.
 
Најдобар на теренот беше Јагуриновски со 11 голови, во составот на Бутел Мајиќ даде десет.
 
Финалниот натпревар меѓу Вардар и Металург се игра во недела од 20 часот.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе