СЕХА лига

Вардар против Мешков без Дисингер и Борозан

На дербито од СЕХА лигата против Мешков, Парондо нема да може да смета на Кристијан Дисингер, Вуко Борозан и Сергеј Горбок.

Вардар утре (вторник) со почеток од 17:15 часот го пречекува Мешков Брест. Македонскиот шампион ќе биде ослабен за неиграњето на Дисингер, Борозан и Горбок.
 
Дисингер заработи повреда во воведните минути на мечот со Монпелје. Тестовите покажаа дека не станува збор за сериозна повреда, но Германецот се уште има болки и ќе одмара во наредните денови.
 
Вуко Борозан и Сергеј Горбок од поодамна се во процес на рехабилитација, па и тие ќе го пропуштат натпреварот против Мешков Брест.
 
Овој меч за Вардар е последен на домашен терен од СЕХА лигата оваа сезона, потоа следуваат уште гостувањата кај Нексе и Извиѓач.
 
„Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар, но како и секогаш, нашата цел е да играме добро и да победиме. Пред два дена, ја завршивме групната фаза во Лигата на шампионите и треба да се подготвиме за нокаут фазата. Исто така, ќе играме на Ф4 во СЕХА лигата, но дотогаш имаме уште 3 натпревари во кои ќе се обидеме да ја подобриме нашата игра и формата“, вели Парондо.
 
„Знаеме дека Мешков Брест има добар квалитет и секогаш е тешко да се игра против нив. Тие се многу солидна екипа и имаат одлични поединци. Затоа, мислам дека утре ќе има многу интересен натпревар кој е важен и за Вардар и Мешков, кои постојано играат во СЕХА Лигата и Лигата на Шампионите“, изјави Димитри Киселев.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе