Куп на Македонија

Вардар против Еурофарм Работник во полуфиналето на Купот на Македонија

Скопско - битолски дуел во полуфиналето од ракометниот куп на Македонија, Вардар ќе игра против Еурофарм Работник.

Вардар кој го брани трофејот во Купот на Македонија, за противник ќе го има Еурофарм, така сакаше денешната ждрепка за полуфиналето.
 
Во другиот дуел Металург ќе игра против тимот на Бутел.
 
Натпреварите ќе се играат во Куманово, полуфиналните дуели се на 10. мај, а финалето е на 11. мај во 20 часот.
 
На 9. мај полуфинални натпревари се играат во женска конкуренција, Вардарки ќе играат со Стружанка, а Металург со Куманово. Финалето се игра на 11. мај во 16 часот.
 
Полуфинале мажи:
 
Металург - Бутел
Вардар - Еурофарм Работник
 
Полуфинале жени:
 
Куманово - Металург 
Стружанка - Вардар

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе