СЕХА лига

Вардар против домаќинот Мешков Брест на фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата

Загреб денеска на свој терен загуби од Татран Прешов, а тоа значи дека Вардар ќе игра против Мешков Брест во полуфиналето на завршницата од СЕХА лигата.

Денеска се одиграа последните натпревари од лигашкиот дел во СЕХА лигата, Загреб на свој терен загуби од Татран Прешов со 29:28, а Мешков Брест на гостински терен го совлада Нексе со 29:26.
 
Овие резултати значат дека Вардар на првото место го завршува регуларниот дел од сезоната и во полуфиналето од завршниот турнир ќе игра против домаќинот, Мешков Брест, а Загреб ќе игра со Нексе.
 
Мешков Брест беше најмалку посакуваниот противник за било кој, бидејќи покрај тоа што имаат квалитет, ќе играат и пред својата публика, а тоа им дава почетна предност.
 

Ја слушам песнава на Северна Македонија за Евровизија на Јутјуб. Ја слушам и искрено, ми се плаче.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе