Лига на шампиони

Вардар продолжува перфектно во Лигата на шампионите, победа над Мотор во Запорожје

Трет натпревар, трета победа за Вардар во Лигата на шампионите оваа сезона, европскиот шампион славеше тешка победа кај Мотор со 31:30.

За разлика од мечот во СЕХА лигата, Вардар во Лигата на шампионите со победа се враќа од Запорожје. Црвено-црните со многу мака и доза на среќа дојдоа до триумфот.
 
Во текот на првиот дел Мотор постојано имаше водство кое во неколку наврати достигна и до четири голови предност, одбраната на Вардар не беше на потребното ниво, а и голманите фатија многу малку. На одморот се замина со предност од 18:16 за Украинците.
 
Второто полувреме Вардар го почна одлично, со серија од 3-0 го сврте мечот и поведе со еден гол разлика. Во продолжението се играше гол за гол, екипите се менуваа во водство.
 
Во последниот напад при водство на Вардар од 31:30 Скубе не реализираше од идеална позиција, Мотор даде гол од ценар, но за среќа на македонскиот тим времето беше изминато по што македонскиот тим можеше да почне со славје на нова победа.
 
Тимур Дибиров со десет голови беше најефикасен на мечот, Криштопанс постигна седум, Калараш четири. Голманите на Вардар имаа вкупно седум одбрани, Гебдане четири, Кугис три.
 
Вардар со максимални шест бода е лидер во групата Б пред Кил со еден бод помалку.
 
Следниот викенд нема Лига на шампиони, а потоа Вардар го пречекува Кил во голем дерби натпревар.
 
 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе