РК Вардар

Вардар потврди, Толедо е ново засилување

Бразилскиот ракометар Хозе Гиљермо Де Толедо е нов играч на Вардар откако стави потпис на двегодишен договор со европскиот шампион.

25-годишниот десен бек, Де Толедо е ново засилување на Вардар.
 
Се работи за 193 сантиметри висок ракометар, бразилски репрезентативец кој ќе биде алтернатива за Криштопанс на десната бековска позиција.
 
„Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме уште подобра бековска линија во Вардар. Бразилецот низ своите настапи претходните години покажа дека може да биде корисен во секој тим. Неговата младост и пред се напаѓачки и одбранбени способности секако ќе бидат добредојдени. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата што ќе му биде укажана, и да покаже дека и ние и тој направил одличен избор со доаѓањето во Скопје, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар за официјалниот сајт на клубот.
 
Во изминатите две сезони Толедо играше за Висла Плоцк од Полска.
 
Бразилецот е петто засилување на Вардар ова лето, претходно потпис ставија голманот Артурс Кугис, Сергеј Горпишин, Павел Атман и Димитар Димитриоски.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе