Се бара нов термин

Вардар потврди: Одложен е натпреварот против ПСЖ

Вардар потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ во Лигата на шампионите, „црвено-црните" нема да гостуваат во Париз поради два случаи на ковид-19.

Актуелниот шампион на Македонија и Европа попладнево во последен миг мораше да го одложи летот и наместо да тргне за Париз остана во Скопје. Во таборот на „црвено-црните“ има два позитивни случаи на ковид-19, па побарано е одложување на дуелот со ПСЖ.

ЕХФ одговорила позитивно и сега се бара нов термин. Оваа сезона веќе беа одложени два натпревари на Вардар во Лигата на шампиони, поради коронавирус не се играа мечевите со Елверум и ПИК Сегед.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе