Соопштение на РК Вардар

Вардар потврди: Натпреварите против Нексе и ПИК Сегед ќе се играат без публика

Вардар потврди дека престојните натпревари од СЕХА лигата и Лигата на шампионите ќе ги одигра без публика поради одлуките на Владата. 

Синоќа Владата на Македонија донесе одлука сите спортски натпревари да се играат без публика во наредните 30 денови. 
 
Вардар денеска ги звести навивачите дека нема да може да присуствуваат на нивните натпревари во следните 30 дена.
 
„Ги известуваме сите навивачи и симпатизери на РК Вардар дека во следните 30 денови сите натпревари на кои нашиот клуб е домаќин ќе се играат без присуство на публика.
 
Одлуката е донесена од Владата која забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Македонија, во наредните 30 дена како дел од дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство
 
Истото се однесува за сениорските екипи и сите екипи во младински категории.
Поради истата мерка нема да имаат тренинзи и натпревари ниту членовите на Ракометната Академија на Вардар“, стои во соопштението на РК Вардар.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе