Од денес треба да почне со тренинзи

Вардар потврди: Калараш ќе потпише на две години

Спортскиот директор на Вардар, Едуард Кoкшаров потврди дека Глеб Калараш се враќа во Скопје и ќе стави потпис на двегодишен договор со „црвено-црните".

По синоќешните најави дека Глеб Калараш се враќа во редовите на шампионот на Македонија и Европа, пристигнa и официјална потврда.

Спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров откри дека Русинот ќе стави потпис на двегодишен договор.

„Калараш ќе ја продолжи кариерата во нашиот клуб. Имаме согласност за соработка на две години. Од петок ќе почне да тренира со Вардар. Треба да му се честита на Калараш, стори сè за да се врати“ – вели Кокшаров.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе