Најавите се официјализираа

Вардар потврди: Борко Ристовски и Марко Мишевски потпишаа до крајот на сезоната

Вардар ги потврди засилувањата кои ги најави тренерот Стевче Алушовски, Борко Ристовски и Марко Мишевски ставија потписи на договори до крајот на сезоната. 

Европскиот шампион добива големо засилување на голманската позиција која беше најслаба алка во досегашниот дел од сезоната. Репрезентативниот голман Борко Ристовски ќе биде меѓу стативите до крајот на сезоната.
 
Ова за него ќе биде трет престој во Вардар, претходно беше дел од црвено-црниот табор во периодот од 2001 до 2003 и од 2010 до 2012 година.
 
Во Вардар се враќа и Марко Мишевски по неколку месеци поминати во Гренобл, Франција. Тој лани беше дел од шампионскиот тим на Вардарци иако имаше мала минутажа. Главно настапуваше во СЕХА лигата и домашното првенство, а беше дел и од репрезентацијата на Македонија која играше на ЕП во Австрија.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе