СЕХА лига

Вардар почнува со Пекинг, Еурофарм го пречекува Спартак на стартот од СЕХА лигата

СЕХА лигата денеска го објави распоредот за новата сезона, бранителот на трофејот ќе стартува против новиот тим во ова натпреварување екипата на Универзитет Пекинг од Кина. 

Познат е распоредот за новата сезона во СЕХА лигата која започнува на почетокот од септември.
 
Во првото коло Вардар на 3. септември го пречекува Пекинг универзитет во натпревар од А групата, додека Еурофарм Работник следниот ден игра со Спартак Москва во Битола.
 
Покрај Вардар и Пекинг во А групата се уште и екипите на Војводина, Нексе, Татран Прешов и Мотор Запорожје. Во Б групата покрај Еурофарм и Спартак играат и Металопластика, ППД Загреб, Мешков Брест и Веспрем.
 
Комплетниот распоред за новата сезона можете да го погледнете на овој ЛИНК.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе